СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Предлог-измените за минимална плата на дневен ред на собраниска седница

Предлог-измените на Законот за минимална плата кои се усогласени со одлуките на Економско-социјалниот совет за зголемување на минималецот на 18.000 денари денеска се на дневен ред на 62. собраниска седница.

Ова законско решение се носи по скратена постапка, а доколку се донесе, согласно договорот на ЕСС, треба да почне да се применува веќе од март што значи дека во април околу 80.000 работници ќе земат зголемена минимална плата.

Синдикатите очекуваат едногласна поддршка од пратениците, а од претседателот на Собранието побараа нивни претставници да присуствуваат на седницата.

Имајќи предвид дека сите политички партии и пратеници веќе се изјаснија дека ќе го гласаат законот, нашите очекувања се дека пратениците едногласно ќе го донесат законот со кој ќе се зголеми минималната плата што ќе влијае и на зголемување на останатите плати во државата. ССМ побара од претседателот на Собранието Талат Џафери, согласно неговите надлежности, да овозможи претставници на ССМ (членовите на Економско-социјалниот совет) да имаат можност да ја следат седницата во Парламентот, соопштија вчера од ССМ.

Во понеделникот на седница на Економско-социјалниот совет беше постигнат договор меѓу синдикатите, работодавачите и Владата за зголемување на минималната плата на 18.000 денари. Ова беше барање на синдикатот со оглед на порастот на животните трошоци и енергетската криза. Зголемувањето на минималната плата ќе биде субвенционирано од страна на државата која ќе го плати делот за придонесите за што од Буџетот ќе бидат одвоени 16 милиони евра до крајот на годината.

На денешната пленарна седница како седма точка е ставен и предлогот на Левица за измени на Законот за минимална плата со кој се бара висината на минималецот да биде 60 проценти од просечната плата.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content