Се намалуваат цените на горивата

38

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,86 % во однос на одлуката од 30.10.2023 година.

Од 7.11.2023 година, од 00.01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

моторен бензин „евросупер БС-95“ – 81,00 (денар/литар),

моторен бензин „евросупер БС-98“ – 83,00 (денари/литар),

дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 80,50 (денари/литар),

масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 80,00 (денари/литар),

„мазут М-1 НС“ – 46,001 (денари/килограм).

Малопродажните цени на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1,00 денар/л.

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се намалуваат 0,50 денари/л.

Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се намалува 0,290 денари/кг и сега ќе изнесува 46,001 денари/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 7.11.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 0,515 %, кај дизелот 2,072 %, кај екстра-лесното масло 1,535 % и кај мазутот намалувањето е 0,727 %.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок 0,065 %.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content