СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

МНР без одговор дали 24 Мај е македонски или бугарски празник

По написите дека владата и МНР официјално го признале 24 мај – Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј – како бугарски празник, уште во 2019 година, од министерството се уште се без одговор за јавноста.

Оттаму велат дека не можат да дадат објаснување за тоа дали Македонија го признава државниот празник 24 Мај, Денот на сесловенските просветители или Ден на бугарската азбука, според потписот од првиот Протокол од состанокот на меѓувладината комисија меѓу Македонија и Бугарија во јуни 2019 година.

Тие во одговор за МКД.мк велат дека тој Протокол го нема во нивните архиви, а во една прилика актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи за ова го обвини неговиот претходник Никола Димитров.

Имено во, споменатиот Протокол пишува дека во Ватикан имало средба на претседателката на Народното собрание на Бугарија Цвета Карајанчева со претседателот на македонското Собрание Талат Џафери „по повод 24 мај Денот на бугарското образование и култура и словенското писмо“. Потписници на овој Протокол се поранешните шефови на дипломатиите на двете земји Никола Димитров и Екатерина Захариева.

Во јуни годинава Османи објави дека во бугарската верзија на тој Протокол меѓу другото пишува дека македонската страна го прифаќа бугарското гледиште кон Илинденското востание, прифаќајќи го името „Илинденско-Преображенско востание”. Ова Османи го објави откако Димитров побара оставки од него и од Бојан Маричиќ во врска со прифаќањето на францускиот предлог

„Накратко околу мотивите на мојот претходник: Мислев дека ќе можам да ја задржам дипломатската пристојност, и да не говорам за отстранувањето на документите од архивата на МНР пред моето доаѓање во куќата, но кога ќе се поминат црвените линии на пристојност, сите треба да ги отвориме картите до крај.

Досега имаме потпишан само еден Протокол, потпишан токму од мојот претходник, во кој има неколку јасни обврски кои за жал, само сме се обврзале, но и не сме ги реализирале: Првата е дека го прифаќаме бугарското гледиште кон Илинденското востание, прифаќајќи ја номенклатурата „Илинден Преображение – востание”, создавајќи со тоа рамка во која Комисијата се очекува да делува, што, пак, создава тешкотии во нивната работа, но воедно и веќе создала преседан во односите со Република Бугарија, дека историските прашања може да ги решаваме политички, наместо да ѝ ги оставиме на Комисијата, рече Османи.

Додаде дека овој документ во неговата физичка форма недостасува во МНР, очекувано е кој си го зел пред да си отиде и со какви намери.

Поранешниот министер Никола Димитров и тогаш одговори дека се работи за документ потпишан во јуни 2019 кога нема вето, туку црно на бело потврда на бугарската поддршка на нашите евроинтеграции. „Дали го разбирате воопшто контекстот и разликата што ова ја прави? Во тоа време, протоколот беше навистина билатерален, а се работеше без уцена“, одговара Димитров и додава дека во македонската верзија на документот се разбира Илинденското востание е Илинденско востание и никако поинаку.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content