Се замрзнува маржата на огревно дрво и пелети за огрев на 10 отсто

51

Во согласност со одлуката, највисоката трговска маржа за овие производи за сите трговци се утврдува во висина најмногу до 10 %, објави министерот за економија, Крешник Бектеши.

Висината на трговска маржа најмногу до 10 % за наведените стоки ќе важи за сите трговски друштва и трговци поединци што учествуваат во трговскиот синџир во трговијата на мало, а транспортот за испорака на стоките до крајните потрошувачи не се пресметува во висината на трговската маржа.

Причината за ограничување на трговската маржа се заснова на усогласување на разликите во цените што сега се присутни во трговијата на мало, односно при продажба на огревно на дрво и пелети за огрев.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content