Се договара терминот за изборите в година, се кројат листите со кандидати за изборната битка

10

Во текот на следните недели се очекува разврска околу терминот за претседателските и парламентарните избори, но и за кандидатите кои ќе се „борат“ за највисоките државни функции.

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски смета дека постои доволно простор во мај да се организираат изборите, во нивниот редовен термин, а за финалните ставови на политичките партии, вели тој, јавноста ќе биде информирана кога ќе се постигне поширок консензус во рамките на Парламентот
Според него, сите кадровски решенија ќе бидат споделувани со јавноста како што ќе се носат од официјалните партиски тела.

Во моментов, информира Ковачевски, течат разговорите за финализирање на Изборниот законик и вклучувањето во него на сите забелешки од страна на ОБСЕ/ОДИХР. Тоа е веќе финализирано во најголема мера и многу скоро ќе се најде на владина седница, како и на седница во Парламентот при што ќе се добие целосно усогласено законско решение.

Со ДУИ имаме јасен коалициски договор објавен во 2020 година, секако дека за модалитетите со нив се разговара, но целта за остварување европска коалиција која ќе предводи широк фронт е клучната работа што ќе ги обедини партиите на следните избори. Сите детали и кадровски решенија кои ќе следуваат, ќе бидат споделувани со јавноста како што ќе се носат од официјалните органи на партиите – истакна Ковачевски.

Кога се прават коалиции, подвлече Ковачевски, клучно е да се споделуваат заеднички вредности кои се однесуваат, пред се, на визијата за модерно општество и модерна држава.

Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ во врска со изјавата на Ковачевски за одржување на двојни избори потенцираше дека ова е чекорот кој што се бараше и се очекуваше.

Ова е чекорот што го баравме и го очекувавме со оглед на тоа што споени избори се единствен логичен расплет на настаните со тоа што ќе се одбегне грч на стопанството и потребата финансиски да се оптоварат граѓаните преку зголемени трошоци за евентуални разделени избори – потенцираше Стоилковски.

За време на викендот за датумот за избори зборуваа и претседателот Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ Бујар Османи.

Мислам дека ставовите на власта и на опозицијата се приближуваат и веројатно наредните денови ќе имаме и официјална објава дека е постигнат договор за одржување на парламентарните и на претседателските избори во ист временски период – изјави Пендаровски, одговарајќи на прашањето дали власта и опозицијата ќе се договорот околу датумот и дали според него претседателските и парламентарните избори ќе бидат заедно или одвоено.

За неговото кандидирање за втор мандат на идните претседателски избори, Пендаровски рече дека е премногу рано да каже нешто околу тоа и дека за тоа ќе размислува после Нова година.
Министерот за надворешни работи и портпарол на ДУИ Бујар Османи изјави дека тие се уште се во фаза на одредување дали изборите ќе бидат заедно или одвоени и кога и од тоа ќе зависи како ќе пристапат во однос на изборите.

Ставот наш останува, оставаме на другите да одлучуваат. Ние ќе поддржиме секое решение – дали одвоени или заеднички избори. Ги кажавме аргументите зошто би било подобро да се заедно, но нека решат останатите затоа што, можеби е нескромно, но ДУИ е во најкомотна позиција сега поради тоа што во овој мандат испорача најмногу од тоа што е ветено во предизборието и сите внатрешни анкети покажуваат дека ДУИ е недвосмислен победник на наредните избори – изјави Османи.

На прашањето дали во периодот на техничка Влада се гледа како премиер и дали во неговата партија е разговарано за конкретни имиња како кандидати за претседател на Владата, Османи одговори дека „во ДУИ се расчистува дебатата“ околу тоа кој ќе биде нивниот предложен кандидат.

Со свој став вчера излезе и Демократска партија на Турците на Македонија (ДПТМ) која смета дека претседателските и парламентарните избори во 2024 година треба да се одржат на ист датум.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content