СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Ќе јадеме поскап леб и ќе готвиме со поскап зејтин

Цените на брашното, на лебот и на белите печива ќе се зголемуваат и понатаму.

Дел од приватните пекари веќе го направија зголемувањето на цените, но според мелничарите и увозниците и оние што не го направиле тоа, наскоро ќе мора да ги зголемат цените. Ќе се зголеми и цената на зејтинот, затоа што ни оваа од околу 90 денари, веќе не е исплатлива за производителите, а поскапел и увозот на сојата, палминото масло.

Нашите потреби од пченица и од брашно околу една третина се задоволуваат од увоз. Но, Македонија е увозно зависна и од масло за јадење, од млечни производи, од месо. Така, сите берзански цени на храната се отсликуваат во нашата потрошувачка кошничка. Вестите од берзите, пак, не се пријатни.

Августовската инфлацијата на годишно ниво покажала раст од 3,6 проценти, објави Државниот завод за статистика. Ова значи дека оние што лани имале, на пример, плата од 20.000 денари, ако истата ја добиваат и сега, таа им вреди 19.280 денари. Или поинаку кажано, сите оние што на ланската плата од 20.000 денари досега не добиле зголемување од 720 денари, колку што е инфлацијата, практично сега ја работат истата работа за помала вредност на парите.

Во јули годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно се повисоки за 1,8 проценти на месечно ниво, а за 14 проценти на годишно ниво, објави вчера Државниот завод за статистика.

На месечно ниво цените се повисоки во секторот „Рударство и вадење на камен“ за 2,9 проценти, во секторот „Преработувачка индустрија“ за 1 процент и во секторот „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 13,3 проценти.

Во јули 2021, во споредба со јули 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот „Рударство и вадење камен“ за 35,2 проценти, во секторот „Преработувачка индустрија“ за 11,6 проценти и во секторот „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 2,6 проценти.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content