Сеќавање: 66 години од смртта на Методија Андонов – Ченто, првиот претседател на АСНОМ

29

За претседател на Президиумот Методија Андонов – Ченто бил избран и на Второто заседание на АСНОМ, на 29 и 30 декември 1944 година. Бил и прв претседател на Президиумот на Народното собрание на НРМ.

Со своите политички ставови Ченто се залагал за поголема самостојност на Републиката во однос на федералните органи. Истовремено го поставувал прашањето за обединување на Македонија. Таквите негови ставови дошле во судир со официјалната политика.

Во 1946 година со пресуда на Окружниот суд во Скопје, бил осуден според Законот за кривични дела против народот и државата и тоа со лишување од слобода 11 години.

Умрел како маченик, а бил рехабилитиран во октомври 1990 година.

Роден бил во Прилеп, на 17 август 1902 година.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content