Септември – светски месец за подигнување на свеста за хематолошки малигни заболувања

41

Секоја година во Македонија околу 500 лица се дијагностицирани со некој вид на леукемија, лимфом или миелом. Леукемијата е најчест тип на рак дијагностициран кај лица од 0-29 години. Во светот над 309.000 лица умираат годишно од леукемија. Околу 74 отсто од глобалната популација не знае дека лимфомот е тип на малигно заболување, информираат од Здружението ХЕМА.

Од Здружението посочуваат дека пандемијата со КОВИД-19 и стравот од вирусот предизвикала се помал број на лица да се јавуваат на редовни прегледи и со тоа, како што велат,  болеста да се дијагностицира во подоцнешна фаза, кога можноста за излекување е намалена и може да доведе до смртен исход. Бројот на новодијагностицирани пациенти со леукемии, лимфоми и миеломи во 2020 година е намален за половина, за разлика од 2019 година, што е прилично невообичаено. Оваа година ХЕМА го одбележува Септември со апел до граѓаните за редовни прегледи кои можат да Ви го спасат животот!

Дополнително, лицата со хематолошки малигни заболувања се во имунокомпромитирачка состојба, и при вакцинација против КОВИД-19 не секогаш ја добиваат истата заштита како здравата популација. Вакцинацијата на целата популација и другите заштитни мерки (носење заштитна маска и држење дистанаца), се најдобриот начин за заштита на овие лица.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content