Секта се досели во Куманово, жителите бараат полицијата да ги исели

123
Кумановци реагираат и бараат СВР Куманово да испита за што станува збор, кои се овие луѓе и кој им дозволил да проповедаат.
Додека бројот на луѓето кои реагираат се зголемува нема официјална потврда дека се прави било што во градот.
„Не станува збор за обични туристи (странски државјани), туку за верско обредна организација.
Според тоа, не смеат да живеат во приватен објект кој не е наменет за нив.
Како родител на две деца ќе кажам, доколку службите не си ја разрешат ситуацијата и не ги протераат, ние како население ќе ја земеме правдата во раце.
Како што можеле да влезат, така и ќе излезат.
Полицијата не го спречила нивното влегување, аналогно на тоа нема право да го спречи и нивното протерување, вели една кумановка.
Фото: ФБ Еврејска секта (Лев Тахор) во Куманово. Околу 35 возрасни и 15 деца, во неколку изнајмени куќи.
Дел од нејзините сограѓани дури ги сликале овие луѓе низ градот.
Сепак нема официјална потврда дека тие прават нешто.
Со нив има и деца и не е потврдено дека проповедаат и му сметаат некому.
Дел од жителите на овој град прашуваат дали ова се луѓето кои беа протерани од Босна и Херцеговина, а кои припаѓаат на екстремистичкиот култ Лев Таор.
Членовите на сектата имале американски и канадски државјанства.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content