СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Ристески: Централната власт ја уназадува Македонија

На саемот на промените што носат иднина се обрати Марјан Ристески претседателот на републичката комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ кој се осврна на процесот на децентрализација и предизвиците кои овој процес ги носи со себе. Според него најдобра соработка на локалната со централната власт била во периодот од 2006 до 2016 година.

-Се забрзаа процесите на децентрализација во тој период, се трансферираа многу повеќе средства од централно на локално ниво, процент од ДДВ, префрлање на надлежноста за данокот на имот на локалните самоуправи, персоналниот данок дел од концесиите итн. За прв пат тогаш се донесе законот за рамномерен регионален развој, се донесоа и планските региони и започна да се инвестира во сите општини без разлика на која политичка опција припаѓаат, реализација на капитални проекти и поддршка од тогашната централна власт на чело со ВМРО-ДПМНЕ на битни проекти за развојот на општините, вели Ристески.

Тој дополни дека во тој период ЗЕЛС одиграл активна улога во таканаречената борба помеѓу централната и локалната власт и успеале да реализираат многу проекти кои денес ги уживаат локалните самоуправи. Според него тој период ЗЕЛС била многу поактивна и ја повика Арсовска да биде многу поактивна.

Ристески посочи дека општините кои ги наследиле градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ биле презадолжени, оптеретени со непотребни партиски вработувања, немале значајни проекти и капитални инвестиции, без соодветни ДУПови, многу сомнителни тендери и обструкции од власта кои јасно се нотирани во последниот извештај на ЕК, односно е нотирано дека има забавена децентрализација во Република Македонија.

-Денес имаме заробена држава од страна на СДСМ И ДУИ, власт која опстојува неколку години и ја уназади Република Македонија неколку години во секој поглед, во овој период како што нагласив соработката помеѓу централна и локална власт е на ниско ниво и потребно е што побрзо предвремени парламентарни избори на кои ќе победи ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи незадоволството кај граѓаните е огромно, нагласи тој.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content