СДС и ДУИ до Собранието доставиле 3 закони под европско знаменце, сите се удар за народот

30

Според партијата, СДС и ДУИ до Собранието доставиле три закони под европско знаменце, од кои сите три, велат, се удар за народот.

– Власта планира да го зголеми ДДВ за пелетите од 5 на 18 % и со тоа да удри врз граѓаните кои се греат на пелети со 12 % поскап енергенс. Ако до лани некој трошел 40.000 денари за пелети, сега ќе треба да плати 45.000 денари. Разликата во цени оди во буџетот за Груби и Ковачевски да имаат повеќе пари за матни зделки, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

По ист принцип е и таканаречениот солидарен данок, со што власта бара од компаниите да се солидарни, а во исто време троши немилосрдно од парите на граѓаните за тендери и договори во 4 очи, обвинува опозициската партија.

„СДС и ДУИ по брза постапка сакаат да протнат закони со кои ќе го удрат народот и фирмите, ќе скратат од нивните средства за да има повеќе за власта“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content