СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Наставниците бараат зголемување на платите

Министерството за образование и наука ги повикува наставниците и Наставничкиот пленум барањето за зголемување на платите да го упатат до пратениците во Собранието, каде со месеци е заглавен предлог-законот со кој се обезбедува континуиран раст на платите на наставниците.

„Владата и Министерството за образование и наука работи во интерес на наставниците и обезбедување на нивна правна сигурност и подобрување на нивниот статус. Во таа насока е Законот за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта, со кој платите на наставниците треба да се зголемуваат согласно растот на минималната плата во државата. За жал, овој закон со кој се унапредуваат наставничките права e блокиран од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од МОН.

Министерството потсетува дека во изминатите 4 години платите на наставниците кои имаат работен стаж од 10 години се зголемени за околу четири и пол пати, односно за 4.000 денари, додека во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ зголемувањето изнесувало само 800 денари.

Дополнително минатата година, но и оваа година, блок-дотациите кон општините се зголемени за 2 процента. Во ова зголемување, освен средства за набавка на потребните материјали и средства за хигиена и дезинфекција се предвидени средства за исплата на прекувремените часови работа на наставниците.

Претходно, Наставничкиот пленум побара зголемување на платата на сите вработени во образованието за 20 отсто од јануари, следната година.

Во барањето кое го упатува до министерката за образование и наука Мила Царовска, Наставничкиот пленум посочува дека големо мнозинство од неговите членови се изјасниле дека се незадоволни од сегашните примања на вработените во образовните институции.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Skip to content