СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Поранешниот претседател Иванов на Светскиот форум за демократија во Берлин

Поранешниот претседател на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов учествуваше на Светскиот форум за демократија во Берлин. На настанот кој се одржа од 18-ти до 20-ти февруари, покрај поранешните претседатели на држави и влади, учествуваа и поранешниот Генерален секретар на Обединетите Нации Бан Ки-мун и поранешниот Државен секретар на САД Хилари Клинтон, како и истакнати артисти, уметници и активисти, меѓу кои познатата холивудска актерка Шерон Стоун и основачот на Live Aid Боб Гелдоф.

За време на гала вечерата во организација на фондацијата “Cinema for Peace”, претседателот Иванов се сретна и со Министерката за надворешни работи на Германија Аналена Бербок.

Претседателот Иванов се обрати на панелот „Границата меѓу самоопределувањето и сепаратизмот” на кој учествуваше и поранешниот премиер на Шкотска Алекс Салмонд. На панелот, претседателот Иванов зборуваше за правото на самоопределување како право на народите да создадат своја независна држава. Тој го претстави македонското искуство при стекнувањето на независноста и сите предизвици, пречки и негирања за остварување на македонското право за самоопределување.

За време на посетата на Берлин, на претседателот Иванов му беше укажана и честа да го отвори Форумот за демократија и мир во организација на Институтот за културна дипломатија во Берлин со свое предавање на темата „Моќта на уметноста и културата во времиња на растечки закани за демократијата во светот”. Во своето воведно предавање, тој ги посочи главните предизвици за демократијата денес и причините за демократската рецесија во првите децении на 21-от век.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content