СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Деновиве дожд, а викендот студ и снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне претежно во западните и северните делови со слаби локални врнежи од дожд, а на планините и некои повисоки места со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интревал од -4 до 1, а максималната од 6 до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно, во утринските часови со слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се искачи до 5 степени.

Во четврток и петок наместа ќе има повремени врнежи од дожд, ќе дува засилен јужен ветер што ќе допринесе температурите да бидат во значителен пораст. Под влијание на студен и влажен бран во петок кон крајот на денот и во сабота врнежите ќе преминуваат во снег и ќе дува засилен северен ветер.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content