СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Од вторник замрзнува цената на лебот

Во вторник ќе се замрзне цената на лебот и нема да биде над 33 денари и за белиот и за полубелиот леб. Ова на прес- конференција го изјави министерот за економија Крешник Бектеши.

„Ова е само прв чекор од производите наведени во одлуката на Владата. Ќе следат и нови одлуки за замрзнување на цените. Се прават анализи за тестенините и тие средства ќе се користат за укинување на некои давачки“, рече Бектеши.

Мерката, според Бектеши, ќе важи се додека ќе биде во интерес за граѓаните. Министерот рече дека се прават анализи и за тестенините, генерално за макароните и шпагетите и тие средства, како што посочи, ќе се користат во укинување на некои давачки, а со тоа ќе се влијае и во намалување на цените на истите производи и ако има потреба и за другите наведени во одлуката ќе ги замрзнат цените.

„Не може да има разлика во делот на цената на лебот 28 до 38 денари на истиот леб. Дополнителнио ќе се утврди и количината и Државниот пазарен инспекторат ќе провери не само за цената, туку и за количината бидејќи е утврдено дека одредени производители, трговци ги намалуваат цените, но ги намалуваат паралелно и количините на тој производ. Затоа, под 450 грама бел и полубел леб не може да се продаде и тоа ќе биде со утврдена цена за највисока можна цена. Под тоа може да биде, над тоа не може да биде“, информира Бектеши.

Цените, како што појасни Бектеши, нема да се зголемат по завршување на мерката, освен ако се зголемат цените на суровините и тогаш може да има нагло покачување на цената.

За овошје и зеленчук, Бектеши рече дека, чекаат предлог од МЗШВ, додека за другите производи речиси неделно ќе се прават поединечно анализи за сите производи и ако гледаат дека тоа се злоупотребува тогаш ќе донесат соодветни одлуки.

Инаку, како што информира тој, Министерството за економија ги заврши сите анализи за мерките за субвенционирање на електрична енергија за индустријата, за прехранбениот сектор во нашата држава и веќе е пратена предлог-одлука за укинување на истата мерка имајќи предвид дека не е почитувано од страна на тие компании кои добиле субвенционирана струја тоа што беше претходно договорено со Владата. Моментално, рече Бектеши, чекаат одговор од страна на законодавството во Владата дали оваа мерка ќе почне да се применува од 1 март, односно веднаш од наредната недела или од 1 април. Речиси 500 илјади евра разлика добиваат месечно од страна на Владата преку АД ЕСМ.

„Со тие 500 илјади евра што ги имаме моментално како трошок преку Буџетот, ние ќе направиме и ќе дизајнираме други мерки кои ќе бидат во корист на потрошувачите“, рече Бектеши.

Најавата за можно укинување на мерката за субвенционирана струја за компаниите од прехранбената индустрија бидејќи не се намалени цените на основните прехранбени производи, завчера се официјализираше со таков предлог од Министерството за економија до Владата.

Со мерката, што се применува веќе три месеци, се опфатени компании што произведуваат – масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, како и месната и живинарската индустрија.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content