Регулаторно тело тужи владино министерство затоа што не си ги плаќа обврските

57

Агенцијата за Аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го тужи Министерството за информатичко општество и администрација затоа што го прекршило Законот со неисплаќање на предвидените средства за радиодифузна дејност.

АВМУ веќе ја поднесла тужбата против Министерството за информатичко општество и администрација.

Причината е што ресорното министерство во континуитет го крши Законот и исплаќа помалку средства од законски предвидените за развој на радиодифузна дејност.

Со тоа според нив министерството го загрозува работењето на корисниците на овие средства – Агенцијата, Македонската радиотелевизија и ЈП Македонска радиодифузија, но и на целиот аудиовизуелен сектор, вклучувајќи ги и медиумите, бидејќи со непочитување на законот се доведува во прашање пристапот до европските фондови за финансирање аудиовизуелни проекти и развој на аудиовизуелната област.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content