СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Сирковци протестираат барајќи приклучок на брзиот пат Градско-Прилеп

Жители на росоманско Сирково денеска протестираат на влезот во селото, барајќи приклучок кон новиот брз пат Градско-Прилеп, којшто е во изградба, проблем којшто постои уште од 2015 година.

Тие ја блокираа механизацијата којашто работи на овој дел од патот, изразувајќи на тој начин револт, што останале без приклучок кон оваа делница.

-Овој проблем го имаме од пред седум години. Сме реагирале и досега, протестиравме и пред неколку месеци. Бараме од Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта, позитивно да одговорат на нашето барање. Бараме, исто така, да ни се асфалтираат постоечките приоди кон селото откај Росоман, доколку тие бидат оштетени при изградбата на новиот пат, појасни Веле Коцев, претседател на месната заедница.

Тој нагласи дека е срамота да го гледаат брзиот пат на околу двеста метра, а да не можат да се приклучат на него кога ќе биде готов, па да вртат со километри за да дојдат до првиот приклучок.

-Сирково е второ по големина село после Росоман во оваа општина. Има околу 500 постојани жители, но и многу луѓе постојано гравитираат наваму. Ако не се издејствува овој приклучок, тоа ќе го уназади селото и ќе ни се иселат младите, дециден беше Коцев.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content