Регистрирана прекумерна сеча на букова шума

65

Мештани информираат дека појавата е најизразена под врвот на планината Готен, каде ШТО се исечени буки стари над 150 години.

Овој дел, поточно на 5 километри пред Широки дол го красеше прекрасна бука, стара повеќе од 150 години, каде сите луѓе поминуваа и застануваа, некои да одморат, да каснат нешто и да наполнат вода од блискиот извор, кој се наоѓа под самата бука во месноста Кушово кладенче. Сега белегот на овој дел поточно буката е исечена, а целото место е опустошено и огрозено, информираат локални жители.
Реагираат на екипите кои според нив не се од Малешевијата и сечат шума на ова место, каде на секои 15 минути паѓаат буки.
Секој ја знаеше оваа прекрасна бука и ловџии и планинари и сточари и туристи, за кои дрвото беше симбол слично како Мекиците на Стража по патот накај Охрид, велат жителите.
Случајот е пријавен до надлежните од каде очекуваат да се испита ситуацијата и да се казнат сторителите.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content