Сите корисници на стипендии кои ги доделува МОН за ученици од средните училишта, студенти запишани на додипломски студии на високообразовните установи во Република Северна Македонија, како и студенти запишани на некој од најдобрите светски универзитети согласно Шангајската ранг-листа, веќе ги добија средствата на своите сметки.
Практиката на редовна месечна исплата на средствата за ученички и студентски стипендии воспоставена на почетокот на годината ќе продолжи и во следниот период, бидејќи од особена важност е младите навремено да ги добиваат средствата кои ги заслужуваат и кои значат мотив и поддршка во процесот на нивната едукација, стои во писменото соопштение од Министерството за образование.