Работнички „попарен“ во третата четвртина

28

Кошаркарите на македонскиот тим одиграа очајно во третата четвртина во која примија 41 поен и изгубија контрола на дуелот, кој до тој момент беше изедначен. На крајот директниот конкурент за место во плеј-офот, Широки славеше со 106-77 нанесувајќи им го седмиот пораз сезонава.

Интересно прво полувреме одиграа двата тима, водството се менуваше постојано, на крајот на првата четвртина истото му припадна на Работнички (17-18). Слична беше сликата и во следните десет минути, во кои македонскиот претставник, предводен и Питс и неговите две тројки и двата поени на Бундовиќ со серија од 8-0 на одморот заминаа со минимално водство од 35-37. Питс до овој дел од мечот постигна 16 поени.

 

Лоша трета четвртина за Работнички во која противникот постигна 41 поен. Широки со серија од 10-0 поведе со 45-37. Мираковски повика тајм-аут, Балмазовиќ со шест поени намали на 45-43. На другата страна противникот одново влезе во серија и тоа од 17-2 која му донесе позитива од 67-49 во 28. минута.

Во последните решавачки десет минути, македонскиот тим влезе со негатива од 76-55, одбраната беше целосно разоружана. Немаше сили Работнички да се врати од негатива од 25 поени (85-60) на крајот остана да се помири со пораз. Питс и Балмазовиќ со по 22 поени беа први стрелеци.

Турнирот во Сараево го завршува со скор од една победа и два порази.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content