СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Бизнисите на Заеви се шират со нова компанија за транспорт

Панче Заев, таткото на поранешниот премиер Зоран Заев, за кратко време стана сопственик на уште една компанија – овој пат како основач на Тотал Коп. Компанијата е регистрирана на почетокот на месецов со дејност товарен патен транспорт, објави Фактор.

Панче Заев од октомври лани е сопственик на новоформирана компанија за производство на електрична енергија – Солар Грин Енерџи, регистрирана исто така на истата адреса како и Тотал Коп.

Пред неколку години братот на Зоран Заев, Вице Заев, беше обвинет од опозицијата дека наводно негови камиони биле тајно ангажирани за сосема трета  компанија за оперативните градежни работи во РЕК Битола, односно за превоз на јаглен со товарни возила кои се со струмички регистерски таблици. Тие камиони, според обвинувањата, биле во сопственост на градежната компанија „Тотал Инжинеринг Струмица“, на што Вице Заев возврати со жесток демант.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content