Пpeтpecи и апceња на три локации во Прилеп

52

На 21.03.2023 во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода И.К.(50) од Прилеп. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, дигитална вага и предмети со остатоци од прашкаста материја. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 21.03.2023, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода С.О.(27) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 21.03.2023, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода Р.П.(40) од Прилеп .затоа што кај него била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content