Професор од ,,Колумбија”: Европа цел век сака да ги избрише Македонците

50

Во пост со наслов ,,АУШВИЦ ГРАНИЦИТЕ НА ЕВРОПА” кој е Инспирирано од анализите во израелскиот печат професорот Горазд Росоклија кој работи на престижниот американски универзитет ,,Колумбија” пишува дека Македонците се цел на бришење од страна на Европа која го претвора целиот Балкан во нов концентрационен логор.

,,Европа 2000 години ги прогонува Евреите.

Нас Македонците, нешто повеќе од 100 години, истата таа Европа се обидува да не избрише од постоење.

Европа, поучена од лекциите на минатото, наместо да гради Аушвици за нас, луѓето од Балканот, целиот Балкан го претвори во Аушвиц со наша сесрдна помош.

Нешто од глупавост, нешто од неписменост, нешто од историско непоседување карактер и квалитет на лидерите во сите области, особено кај претпоставените интелектуалци кои треба да ја дадат визијата за иднината на нацијата.

Темна дупка од која не можеме да излеземе, при што европските идиоти ги убедуваат македонските и балканските идиоти дека сé е наша вина.

Во 1940 година, Европа беше континент на Аушвиц.

Денес, според дефиницијата на Аба Ебан, ,,Европа е континент на кој политичарите и технократите поддржуваат ,,Аушвиц граници”, надевајќи се дека ќе постигнат исти резултати како оние во Аушвиц, користејќи други методи”.

Аушвиц, воглавно го преживеаја оние што не влегоа во него”, пишува професорот Росоклија.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content