СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Професионалните војници после 45-тата ќе можат да продолжат и како пожарникари

Професионалните војници со навршени 45 години старост, меѓу останатите опции, ќе имаат можност и за префрлување во територијалните против-пожарни единици на работни места пожарникари-спасители.

Веќе 16 поранешни професионални војници својата кариера ја продолжуваат како пожарникари и тоа осум лица во Скопје, пет лица стануваат пожарникари во Кичево, а тројца од нив во општина Валандово.

Од денеска отвораме нова можност за нашите досегашни колеги со трансфер во против-пожарната дејност во Републиката. Со оваа опција, го зајакнуваме составот на против-пожарните територијални единици во Републиката со високопрофесионален, подготвен кадар, а од друга страна им обезбедуваме продолжување на работен ангажман на нашите колеги до остварување на услови за пензија со што нивното егзистенцијално прашање е затворено, истакна Николиќ.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content