Промената на Уставот е најлесниот од условите што треба да ги исполни Македонија

53

Бугарската новинска агенција БГНЕС е тука секогаш да не потсети дека апетитите на Софија нема да завршат со промената на Уставот. Според БГНЕС, ова е најлесниот услов во рамката за преговори со ЕУ што треба да ги оствари Македонија.

Инаку како што оценува БГНЕС кој со особено негативна конотација ги следи настаните во нашата држава, во составот на работната група за уставните измени кој ќе решава како да бидат вклучени Бугарите во Уставот, ќе има „истакнати претставници на југословенската и српската правна школа, но не и претставници на македонските Бугари“, иако основа за учество во телото не е етничка пруипадност туку политичка и институционална.

БГНЕС нагласува и дека, вистински успех за Бугарија бил исклучокот што го направила ЕУ со „внесување на билатералните прашања во самата преговарачка рамка и со претворање на европската комисија во гарант за исполнување на условите поставени за Македонија“.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content