Програма на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински”

36

Добитници на наградата за животно дело се македонската театарска, филмска и телевизиска актерка Бедија Беговска, доајен во Турскиот театар и драматургот и професор на ФДУ Русомир Богдановски.

Во официјалната програма на годинашниот фестивал ќе бидат изведени осум претстави што ги избра селекторот др. Иван Додовски. Со „Артуро Уи“ од Бертолд Брехт, во режија на Ќендрим ќе настапи Народниот театар од Битола, а со „Бракот на Марија Браун“ од Рајнер Вернер Фасбиндер, во режија на Драгана Таневска, Народниот театар од Струмица. Другите претстави во официјална конкуренција се „Вишновата градина“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Владимир Милчин, во изведба на Турскиот театар од Скопје.

„Декамерон“ според Џовани Бокачо, во режија на Мартин Кочовски, во изведба на Народниот театар од Прилеп, „Јазли“ од Рефет Абази, во режија на Куштрим Бектеши, во изведба на Албанскиот театар од Скопје, „Клетвата на Скотје“ од Нил Сајмон, во режија на Синиша Евтимов, во изведба на театарот „Комедија“ од Скопје, „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, во изведба на Македонскиот народен театар од Скопје и „Се викам Горан Стефановски“ во режија на Бранислав Миќуновиќ, во изведба на Драмскиот театар од Скопје.

Во овие претстави може да се издвојат значајни актерски, драматуршки, сценографски, костимографски и композиторски остварувања. Оваа театарско остварување, ќе го доживее своето 56-то постоење.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content