Проверете дали ве има: Резултати од конкурси за доделување стипендии за средношколци за учебната 2020/2021 година

28

На веб-страницата на МОН се објавени резултати од конкурсите (клик ТУКА) за доделување сто стипендии за талентирани ученици, сто стипендии за талентирани ученици – спортисти и сто стипендии за ученици со посебни потреби од средните училишта, како и резултати од Конкурсот за доделување педесет стипендии за ученици – деца без родители од јавните и приватните средни училишта.

Обајвени се и резултати од Конкурсот за доделување стипендии за ученици во ДСУ Спортска академија за учебната 2020/2021 година, како и резултатите од шест конкурси за доделување по девет стипендии за средношколци од наставни програми од: земјоделско-ветеринарна струка, односно сектор земјоделство, рибарство и ветеринарство; електро-техничка струка, односно сектор електро-техника; градежно-геодетска струка, односно сектор за градежништво и геодезија; машинска струка, односно машински сектор; текстилно-кожарска струка, односно сектор текстил, кожа и слични производи и за наставни програми од угостителско-туристичката струка.

 

Во резултатите МОН ги објавува прифатените апликации, како и тие што се одбиени односно апликациите кои не се рангирани.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content