СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

На Попова Шапка измерени 21 сантиметар снег

Снежната покривка на Попова Шапка утрово изнесува 21 сантиметар, каде се измерени и -5 степени Целзиусови.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека -5 степени се измерени и во Берово, -3 во Скопје-Петровец, -2 во Крива Паланка, Тетово, Куманово и Маврови Анови, -1 во Скопје-Зајчев Рид, Битола, Прилеп, Штип, Демир Капија, Струмица и Лазарополе, 0 степени во Виница, Крушево, 1 во Гевгелија, 2 во Претор, 3 во Дебар и 4 во Охрид и Дојран.

Синоптичарите за денеска најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност, а во крајните западни делови ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 17 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне 15 степени.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content