СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Денеска без полициски час, од утре ќе трае четири часа

Полициски час денеска ќе нема поради верскиот празник Рамазан Бајрам, а веќе од утре тој ќе биде скратен и ќе трае од полноќ до 4 часот наутро.

Владата вчера ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести и ги олабави рестриктивните мерки до 18 мај.
Се продолжува и работното време на угостителските објекти до 23:30 часот, но тие и понатаму ќе бидат отворени само на летните тераси, а исклучок од ова ограничување се угостителските објекти на Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид, како и делот за исхрана во хотелите, мотелите, хостелите и пансионите за лицата кои се сместени во овие објекти.
Спортските настани и понатаму ќе се организираат без физичко присуство на публика.
Засега, како што во понеделникот изјави министерот за здравство Венко Филипче, останува забраната за свадби и концерти, а се уште е рано и за неносење на заштитни маски на отворено.
Како дел од олабавувањето на мерките е и укинувањето на забраната за користење на годишни одмори за здравствените работници и зголемувањето на бројот на деца во градинките. Согласно одлуката донесена на вчерашната владина седница, дозволено е бројот на деца во воспитните групи до две години да се зголеми на 15, а кај воспитните групи од 2 до 6 години на 20 деца.
Предлогот за олабавување на мерките во понеделникот го донесе Комисијата за заразни болести врз основа на епидемиолошката состојба, односно намалениот број на новозаразени и ослободувањето на поголем дел од болничките капацитети.
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content