Култура
Прилеп со рестриктивни мерки го слави заштитникот на градот, Свети Никола
Патрониот празник Свети Никола заштитникот на Прилеп поради корона вирусот и владините мерки годинава не се одбележа со заедничката градска трпеза во центарот на градот.

Од утрово со ограничено присуство на верници божествена литургија имаше во црквата Свето Благовештение и параклисот Свети Никола во градот.
Домаќинот на заедничката трпеза планирана за годинава останува организатор на градската трпеза до година.
Во прилеп со над 64 илјади жители секое второ семејство ја слави славата и големиот празник Свети Никола.
Исто како и во другите градови и населени места во Македонија.
Поради тоа е земен за заштитник на Прилеп.