Прилеп: Нема новогодишни прослави, но потребни се човечност и хуманост

43

550 прилепски пензионери со најниски примања ќе добијат по 1.000 денари пред Нова година, да испазарат. Студентското собрание при Економскиот факултет му помогна на Здружението „Епилепсија Македонија“да ги распределат пакетите за сиромашните собрани од 16 маркети. Подароци стигнуваат и за децата во градската болница. Осма година Црквата собира прилози за божиќни дарови.

За Нова година нема прослави, а градските власти со ребалансот ги пренамениле 2-та милиона денари за невладини асоцијации, спортски друштва, помош за јавните претпријатија во ковид-кризата.

 

Граѓаните одмеруваат колкави ни се хуманоста и човечноста во оваа незапаметено тешка година. Поединечно подадената рака кога е најтешко е тивка, без реклами. Имаат пораки за институциите.

Во ова пендемиско време подарувањето се трансформираше во изработка на маски, заштитни средства, во подарени компјутери, а човечноста – во дарување конвалесцентна плазма.

На крајот на годинава, човечноста и хуманоста добија нова дефиниција.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content