Локално
Прилепчанец со електричен тротинет удри во „ауди“
Малолетно дете, управувајќи електричен тротинет, удрило во паркирано „ауди“.

„На 24.5.2022, во 14.27 часот, во ОВР Прилеп било пријавено дека на улицата Раде Иваноски во Прилеп, малолетник од Прилеп, управувајќи електричен тротинет, удрил во паркирано патничко возило „ауди““, соопшти полицијата.
Во незгодата малолетникот добил тешки телесни повреди констатирани во Градската болница во Прилеп. Увид извршила екипа од ОВР Прилеп.