СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Прилепски средношколци наградени за иновација за користење на дождовницата за наводнување

Систем за наводнување со користење на дождовницата на тим прилепски средношколци е една од петте наградени иновации во земјава.

Тимот од пет ученици од средното училиште „Орде Чопела“ и нивниот професор – ментор, агроном-инженер Ѓорѓија Гагалески нудат решение за наводнување насади и градини користејќи ја дождовницата и штедејќи вода и средства.

Како што објаснува менторот, професорот Гагалески, навидум иновацијата е едноставна, ама нуди практично решение. За наводнување на половина декар училишен расадник им беа потребни 2 000 евра инвестиицја. Предноста е што растенијата не зависат од тоа кога ќе заврне, а системот може да се контролира на далечина.

-Нашиот овоштарник досега користеше вода од системот за наводнување на „Прилепско поле“. Но, во одредени периоди тој систем нема доволно вода, а и да спречиме прекуменро трошење, решивме со нашиот проект да учествуваме за собирање на дождовницата за наводнување на овоштарникот, и монтирање систем „капка по капка“ за порационално користење на водата. Проектот се состои од резервоари во кои ја собираме дождовницата, има филтри за водата која се анализира во училишната лабараторија за да се види квалитетот на водата и дали им одговара на растенијата. Доколку треба, со колегите од земјоделската струка додаваме елементи или прихрана за растенијата па растенијата ги добиваат потребната вода и состојките за прихрана. Ги искористивме сите средства што ни беа на располагање, 120 000 денари, а сето зависи од големината на овоштарникот и собраните количества вода, објаснува Гагалески.

Гагалески ги повикува и градежниците и земјоделците да ја искористат иновацијата.

-Градежниците може при изградба на објектите, да го внесат овој систем за прибирање на дождовницата за наводнување што е напредок на светско ниво и голема предност при овој недостиг од вода што постои. Растението може да искористи кога му е потребно, а не да се чека кога ќе заврне. Им стоиме и на располагање на земјоделците за какви било совети. Навидум не е бум- иновација, но иновативноста е вклучувањето на сите елементи за да се дојде до резултатот. Може да се темпира кој кога сака да наводнува, вели Гагалески.

Андреа Гагалеска, лабараториско-санитарен техничар во средното училиште „Орде Чопела“ од Прилеп е еден од петте ученици во тимот. Среќна е зашто создавале и се дружеле.

-За иновацијата не ни беше тешко. Се дружевме, работевме, создававме. Интересно беше да се дознаат нови работи за со дождовницата да го наводнуваме нашиот овоштарник. Очекуваме добар плод, барем 90 насто и да го користиме за потребите на лабараторијата и училишната пекарница, смета Андреа Гагалеска.

В.д. директорката на училиштето, Тереза Златеска Трајкоска, посочува дека и досега имале проекти за заштита на животната средина.

Иван Јованов, извршен директор на здружението „Лидери за едукација, актвизам и развој“ од Скопје, дојден во контрола на иновацијата, вели дека учениците, заедно уште со други четири тима од две скопски, едно тетовско и едно валандовско училишпте се добитници на грантот од програмата на „Ап шифт“, а ја спроведуваме заедно со Фондот за иновации и технолошки развој, со УНИЦЕФ и владата на Шведска.

-Програмата всушност поддржува училишта кои имаат иновации за животната средина и ги поттикнува учениците да решаваат предизвици во своето училиште, во маалото или во својот град и да предлагаат еко проекти и еко иновации за да ја подобрат животната средина. Првиов повик беше фокусиран на штедењето на водата, а во моментов е активен вториот повик за иновации на тема воздух и може да аплицираат сите средни училишта и да добијат грант од по 2000 евра, рече Јованов.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content