Прилепските пензионери на протест и на патна блокада

48

На протестот повторија дека не се откажуваат од своето барање за линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари, а преку Уставен суд ќе побараат промена на методологијата за пресметка на платите.

-Ние не отстапуваме од нашето барање за линеарно, а не процентуално зголемување на пензиите, и тоа за 3.500 денари. ќе бидеме единствени, сплотени и не се откажуваме. Инаку, со предлозите на министерката за труд и социјална политика не се солгласуваме. Ние повеќепати баравме во таа комисија да има претставници од иницијативните одбори на пензионерите за разгледување на нашите барања, но не се случува тоа, изјави Верче Јанческа од Иницијативниот одбор на прилепските пензионери. Јанческа бара да се испитаат гласините и пишувањата по социјалните мрежи за косовските пензионери, кои земаат по 30. 000 денари без ниту еден ден стаж.

Пензионерите се револтирани дека сите се оглушуваат од нивните барања.

-Не бараме ништо друго, освен пари подостојно да жиовееме. Се бориме за „гол живот“. Го бараме тоа линеарно зголемување и не нѐ интересира дали ги зголемувата платите и за 200 насто, рече пензионерката Марија Ристеска.

На протестот ги поканиле и прилепските пратеници, каде им се одзвал пратеникот Петар Ристески од ВМРО-ДПМНЕ, кој изјави дека Владата и институциите треба да пронајдат соодветно решение за проблемите, а со тоа да биде вклучена и опозицијата.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content