Прилепските здравствени работници први ја примија руската вакцина

38

Не биравме со која вакцина битно беше да се заштитиме бидејќи вирусот е во експанзија во Прилеп, има многу заразени.

Болничарот Ивица Мијалков и речиси сите негови колеги од болницата беа меѓу првите кои денеска ја примија руската вакцина Спутник. Организирано со три автобуси, здравствените работници од прилепската болница во скопската поликлиника „Јане Сандански“ чекаа ред за имунизација. Стравот од ширењето на Ковид-19 и желбата да се заштитат себеси и најблиските биле пресудни да поминат стотина километри до Скопје и назад.

 

Од Инфективно сите одлучивме да примиме вакцина, има многу болни и некои од нас не прележале и треба да се заштитиме, вели Горица Ржаниковска, медицинска сестра во прилепската болница.

Се повеќе расте интересот на здравствените работници за вакцинација, вели Ивица Мијалков, болничар во прилепска болница.

Мора да се заштитиме, има многу болни, вели Рамазан Арслановски болничар во прилепска болница

Ја примив, ми рекоа да причекам 20 минути, а за 21 ден ревакцина, вели Емилија Спирковска, болничарка во прилепска болница.

Вакцините на безбедно во фрижидери, а медицинските лица подготвени за имунизацијата. На 10 минути е боцкањето и засега велат нема никакви проблеми со аплицирањето на првите дози на Спутник.

Оваа вакцина е поразлична од Фајзер не е препорачана за бремени и доилки, а фајзеровата може. Засега нема никакви проблеми, вели др. Соња Ралева од Здравствен дом Скопје.

И додека едни медицински лица примаа прва доза од Спутник, во поликлиниката „Букурешт“ денеска почна ревакцинацијата со Фајзер.

Здравствени работници од Инфективна клиника и ГОБ „8ми Септември“ со кои на 17 февруари почна имунизацијата против Ковид-19 во земјата, денеска во поликлиниката „Букурешт“ ја примаат втората доза од Фајзер.

Посериозни реакции досега не пријавил никој од здравствените работници а од првата доза веќе почнале да се создаваат антитела. Ортопедот Александар Каревски од ГОБ „8ми Септември“ не може да ги разбере неговите колеги кои одбиваат вакцинација.

Немав никакви проблеми имам веќе титар 10 и тоа е добро ќе видиме сега и со втората доза. Не ги разбирам колегите кои одбиваат вакцина, треба сите медицински лица да се заштитат, вели Александар Каревски, ортопед во ГОБ „8ми Септември“.

Од руската Спутник има 3000 вакцини за 3000 лица и за 20 дена треба да стигнат дозите за ревакцина. Засега нема најави кога ќе стигнат вакцините од Фајзер преку директниот договор на министерството со компанијата. Ги чекаме и 200 000 дози од кинески Синофарм и исто толку од Астра Зенека.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content