Прилепскиот архив ги претставува државниот архив и Македонија на меѓународната недела на архивите заедно со 199 земји

40

Воедно, прилепскиот ги претставува државниот архив и земјава меѓу 199 земји.

Според Елена Чагороска, раководител на прилепскиот архив, тоа е голема чест и реномето на архивот последниве години е оправдано со бројните настани и истражувања.

Оваа изложба е на документи за еден од првите академски сликари и меѓу првите уметници. Михајлоски во 1958 година ја основал ликовната група во прилеп, градот кој важи за за мека на уметноста и уметниците. Последниве години имавме бројни настани, лани го свртивме вниманието на јавноста со документите од Илинденскиот период и сега ги претставуваме и државниот архив и земјава во светот на меѓународната недела помеѓу 199 други земји, рече Чагороска при отворањето на изложбата.

Емил Крстески, директор на Државниот архив на Македонија нагласува дека истражувањето на документите е и откривањето на нашиот идентитет, а насловот на меѓународната недела на архивите е соодветен „Архивите, тоа сме ние“. Сега се работи на документирање приватни фондови на познати македонски дејци кои ќе расветлат одредени историски периоди.

Работиме на добивање на дел од документацијата за Горан Стефановски, во контакт сме со наследниците на општесњтвениот работник Страхил Гигов, како и со семејството на поетот Анте Поповски. Освен документацијата, има и нивни преписки со значајни личности што треба да осветли дел од еден историски период од културата, уметноста, од општественото живеење, изјави Крстески.

Инаку, во архивот граѓаните, главно се интересираат за утврдување на работниот стаж, а во последно време се зголеми интересот за откривање на семејното потекло. Годишно има околу 50 барања, а на ова работат 10-тина истражувачи. Прилепскиот архив е надлежен за шест општини, има 605 фонда и 9 збирки, а најстариот документ е од 1788 година.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content