СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Расте рејтингот на Силјановска Давкова, расте и поддршката за ВМРО-ДПМНЕ

Расте рејтингот на кадидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова, од месец во месец расте и поддршката за опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Дури 24,6 проценти од граѓаните би гласале Сиљановска Давкова да биде на чело на државата, додека за актуелниот претседател и кандидат на СДСМ, се одлучиле само 14,4 отсто. За Бујар Османи се одлучиле 7 проценти, 5,7 за Арбен Таравари, 4,4 за Максим Димитриевски, 3,5 за Билјана Ванковска и 0,7 за Стевчо Јакимовски.

Како се наближува датумот за избори така е и се посигурна бројката во пратенички мандати во корис на ВМРО ДПМНЕ. Според испитаниците, оваа партија би освоила меѓу 52 и 54 пратенички мандати, СДСМ меѓу 26 и 30, ДУИ меѓу 14 и 17, коалицијата Вреди меѓу 9 и 12, ЗНАМ и Леица 5 или 6, додека 3 или 4 се очекува да имаат Алијанса за Албанците. Ова практично значи дека на ВМРО ДПМНЕ нема да им биде тешко да направат стабилна коалиција со минимум 61 пратеник, ако партнерот во власта биде здружената опозиција од албанската заедница.

Дека граѓаните сакаат промени, се гледа во одговорот за кого би гласале на парламентарните избори, ако се одржат следната недела… Тука е предноста 2 спрема еден за ВМРО ДПМНЕ. ДУИ има рејтинг од 6,3 отсто, коалицијата „Вреди“ од 4,4 проценти, Левица 3,6, ЗНАМ – 3,2.

Тројно повеќе од граѓаните сметаат дека партијата на Христијан Мицкоски ќе биде победник на изборите, односно 30,4 проценти, додека дека СДСМ ќе победи на осми мај сметаат 9,8.

Најголем број од граѓаните, дури 57, 1 проценти сметаат државата се движи во целосно погрешна насока. Спротивното: колку од граѓаните, пак,  сметаат дека државата се движи во целосно правилна насока, потврдно се изјасниле само 8,6 проценти.

Дури 39 проценти сметаат дека живееме многу полошо од лани, дека ситуацијата е донекаде полоша велат 19, дека е исто 23,1, дека било донекаде подобро сметаат само 4,3 проценти.

Анкетата е спроведена од страна на ИПИС за потребите на МРТВ кон крајот на февруари и почетокот на март, на 6069 испитаници со маргина на грешка од плус минус еден процент.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content