Претставници на ЏК Сеишин Прилеп остварија работна посета на Центарот за поддршка на лица со попреченост ПОРАКА-Прилеп

27

Во рамките на програмските клубски  активности  денес претставници на ЏК Сеишин Прилеп остварија работна посета на Центарот за поддршка на лица со попреченост ПОРАКА-Прилеп.

Целта на посетата беше на покана на членот на ЏК Сеишин Прилеп Христијан Стојкоски Кико лице со даунов синдром посетител и активен член на овој центар, секако со поддршка на стручните кадри кои работат со овие лица. 

Посетата беше искористена да се запознаат членовите на центарот со активностите на џудо клубот Сеишин Прилеп каде вежба нивниот другар Кико како и тоа што претставува џудо спортот. Потоа имаше презентација на дел од техниките кои се изучуваат во Џудото како боречка вештина кои вежби ги изведуваше Кико заедно со Џудо Ветеранот и мајстор 5 дан Киро Здравески. 

Кај присутните евидентно беше задоволството од тоа што го слушнаа и видеа особе но од тоа што го презентираше нивниот другар Кико. 

Seishin_Poseta5_cdkisd

Сите увидоа дека во џудото нема ниту старосна граница ниту пак граница за негово практицирање за никого без разлика на статусот во општеството!!!

На крајот на посетата гостите и домаќините испија заедничко кафе и договорија возвратна посета од страна на сите членови на Центарот за поддршка на лица со попреченост ПОРАКА-Прилеп предвидени од нивните стручни кадри!!!

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content