СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Претрес во Прилеп, пронајдени оружје и муниција

Денеска (05.07.2021) полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи од ОВР Прилеп, по добиена судска наредба извршија претрес во дом и други простории кај Д.Р.(50) од Прилеп.

При претресот се пронајдени и одземени пушка „Црвена застава“ калибар 16 мм, пиштол германско производство калибар 9 мм, 4 парчиња спорогоречки штапин за експлозив, детонаторска каписла број 8, 10 парчиња муниција 7,9 мм и 6 ловечки патрони, за кои не поседувал дозвола.

По целосно документирање на случајот против Д.Р. ќе биде поднесена кривична пријава за  „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материјали“, казниво по чл.396 од Кривичниот законик.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content