Локално
Претрес во прилепско Дебреште, пронајден пиштол, приведено едно лице

Вчера, во с. Дебреште, Прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода И. И. (53) од с. Дебреште. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени пиштол во калибар од 7,65 мм, рамка за пиштол во калибар од 7,65 мм и други предмети.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот, против него ќе следува соодветна пријава.