Претрес во Кривогаштани, пронајдени оружје и муниција, приведени две лица

43

Според МВР пронајдени биле една малокалибарска пушка „Брно“ со монтиран оптички нишан и монтирани ногарки, 235 куршуми калибар 221 мм, 25 куршуми калибар 9 мм, 5 куршуми калибар 7,9 мм, 90 куршуми калибар 8х57, една рачна шок бомба, четири рачни чадни бомби и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

Приведениот З.К., исто така, се сомничи дека сторил кривично дело „кражба“. Поради сомнение за сторена кражба бил приведен и М.С.(28) од општина Кривогаштани.

По целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content