Претреси на територијата на цела држава, запленети дрога и муниција

5

Од 5:00 часот на територија на Република Македонија беа извршени претреси во домови и други простории на над 20 локации (пет во СВР Тетово, по две на подрачјата на ОВР Гевгелија и ОВР Кичево, по една во СВР Скопје, СВР Куманово, СВР Струмица, СВР Штип, ОВР Струга, ОВР Пробиштип, ОВР Берово, ОВР Свети Николе, СВР Битола, ОВР Гостивар, ОВР Неготино и ОВР Кавадарци), при што беа пронајдени и одземени поголема количина марихуана, стебла канабис, 22 пакувања со хероин, амфетамин, прашкаста материја, грутчеста материја, предмети со остатоци од прашеста материја, парични средства, две дробилки, три ваги, 29 куршуми од кои 25 со калибар 7,62 х 39 мм и четири куршуми со калибар 38 специјал, а како што соопшти портпаролот на МВР Сузана Прањиќ Талевска, на подрачјето на ОВР Гевгелија беше пронајдена и импровизирана лабораторија за производство на канабис.

Во текот на акцијата се приведени над 20 лица, против кои по документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content