Премиерот Ковачевски во Прилеп во обиколка на две училишта во фаза на реконструкција

55

Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Прилеп ќе го посети Општинското основно училиште „Кире Гавриловски – Јане” каде ќе изврши увид во реконструкцијата на училиштето, а потоа во новоотворената сала ќе го проследи подготвителниот натпревар за регионалниот турнир во одбојка.

Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Ковачевски потоа ќе изврши увид во реконструкцијата на Средното општинско училиште „Мирче Ацев”, после која обиколка се предвидени изјави за медиумите.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content