СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Пад на поддршката за членство во ЕУ, само 24 отсто од граѓаните даваат поддршка за уставните измени

Нивото на поддршка кај граѓаните за членството во ЕУ оваа година е најниско, вели Марко Трошановски од Институтот за демократија (ИДСЦС), посочувајќи дека анкетните истражувања сепак, покажуваат дека евроскептицизмот, не е во пораст, и поголем дел од граѓаните остануваат неодлучни по ова прашање.

На промоцијата на „Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2014 – 2023)“ и „ЕУ интеграциите во сенка на внатрешните процеси – Анализа на јавното мислење за 2023 година“, тој информираше дека според најновите анкетни истражувања, поддршката за членство во моментов стои на 60 проценти.

Во 2023 година, 60% од македонското население ги поддржува перспективите на земјата за членство во ЕУ, што е намалување од 4% во однос на претходната година и го означува најнискиот процент на поддршка до сега.

Само половина од младата популација (18-24 години) го поддржува членството во ЕУ. За 20% од населението членството во ЕУ воопшто не е важно, а 12% од населението е отворено евроскептично.

Резултатите оваа година покажаа дека иако билатерални прашања остануваат отворени, граѓаните продолжуваат да гледаат на преговарачкиот процес како усогласување со законите и стандардите на ЕУ.

Само 24% од испитаниците се согласуваат да се промени Уставот за внесување на бугарското малцинство за да продолжиме со интегративниот процес. Скоро две третини или 65% од испитаниците сметаат дека измените на Кривичниот законик се донесени за заштита на политичките елити од минати криминални дејствија.

Трошановски појасни дека постои се поголем етнички јаз помеѓу Македонците и Албанците иако и двата етникума со мнозинство го поддржуваат членството во ЕУ.

-Иако поддршката за ЕУ опаѓа, сепак може да се каже дека евроскептицизмот не расте, односно поголем дел од граѓаните стануваат неодлучни и неопределени по ова прашање, но и не се противат експлицитно, изјави Трошановски на промоцијата во Скопје на двете анализи.

Како што потенцираше, очекувањата на граѓаните се дека процесот за влез во ЕУ ќе се сведе само на задоволување на билатерални барања на соседите.

-Поддршката за влез во ЕУ кај дел од граѓаните подразбира и дека ние како држава мора да направиме одредени отстапки и концесии, за што постои свесност кај популацијата дека иако се непопуларни, истите мораме да ги направиме за да се помрдаме еден чекор понатаму, додаде Трошановски.

Тој напомена дека иако се помалку Европската Унија се смета за највлијателна земја во Северна Македонија, тоа од друга страна е балансирано со поддршката на ЕУ како најпосакуван сојузник на земјата. Мнозинство од граѓаните ја сметаат ЕУ за најдобар сојузник.

Како што рече, 30 проценти од граѓаните се неодлучни дали сакаат или не сакаат да влезат во ЕУ.

-Една од клучните аспекти на намалена поддршка се и намалени очекувања и разочараноста на граѓаните од испорачувааето на реформите како што беше последниот случај со извештај на Европска Комисија. Етничкиот јаз е најмногу поради билатерални прашања кои идентитетски ја засегаат македонската заедница и кај нив расте резервата од поддршка за членство во ЕУ, рече Трошановски.

Тој посочи дека 65 проценти од луѓето сметаат дека измените на Кривичниот законик беа донесени со искривени мотиви, односно во насока на амнестирање на државни функционери.

Истражувањето е спроведено во ноември на примерок на илјада испитаници, во организација на Институтот за демократија и Фондација Конрад Аденауер.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content