СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Моника Белучи „гостин“ на 99-годишнината од Стопанската комора на Македонија

По 30 години од нашата независност, разликите меѓу приватниот и јавниот сектор се уште се продлабочуваат.

Утре Стопанската комора на Македонија слави 99 години. Таа е една од нашите најстари институции. Да не беше институција, да беше „човек“, ќе изгледаше како старец кој е на крајот од својот животен век. Меѓутоа, Комората денес изгледа доволно искусно и мудро и сѐ уште може да привлекува членки, па затоа решивме на нашата прослава да ја „поканиме“ големата филмска ѕвезда Моника Белучи, бидејќи исто како нас таа изгледа преубаво за своите години и сѐ уште привлекува внимание.

На прославата ќе бидат присутни австрискиот канцелар Себастијан Курц, претседателот на Србија Александар Вучиќ, премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ, бившиот премиер на Грција Алексис Ципрас, бившиот претседател на Хрватска Стипе Месиќ, милијардерите Бранко Роглиќ („Орбико“), Миодраг Мишковиќ („Делта холдинг“) и Рифат Хисарчиоглу од Турција, претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, гувернерката Анита Ангеловска-Бежовска и повеќе стотици други бизнисмени, министри, соработници и пријатели на Стопанската комора на Македонија.

Тие ќе бидат дел од специјалната емисија насловена „99 години Стопанска комора на Македонија“, која ќе се емитува на нашите телевизиски куќи, поради една и единствена причина – мерките што се во сила за заштита од актуелната пандемија предизвикана од вирусот корона. Од истите причини, за првпат во својата историја, Стопанската комора на Македонија и традиционалните  награди ги додели во компаниите, а не во своето седиште, во куќата на бизнисот, на „Димитрие Чуповски“ бр.13.

 

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content