Првачињата мора со итен упат да одат на очен лекар по потврда за упис оти нема термини

38

Неможноста да добијат термин за преглед кај специјалист-офталмолог загрижува повеќе семејства низ државата кои имаат деца што треба да ги запишат во основно училиште, а потврдата за направен очен преглед е задолжителна.

„Побаравме од матичниот да не пријави преку Мој термин, но ни беше кажано дека слободен термин нема за брзо. Барајќи решение, матичната одлучи да ми напише приоритетен упат за да завршиме навреме работа. Дури и со таков упат, чекавме два часа зашто во ходникот имаше полно дечиња кои чекаа за преглед со цел да ја добијат потребната потврда за упис“, вели семејство од Битола.

Од Министерството за здравство тврдат дека се отворени амбуланти за првачиња и сега има доволно слободни темини за преглед.

„Зголемување на бројот на термини за очен преглед за првачиња е постигнат со тоа што во сите здравствени домови, општи болници и Клиниката за очни болести отворени се посебни термини во таканаречени ‘амбуланти за првачиња’, каде матичните лекари може да закажат очен преглед за овие деца. Исто така, преглед може да закажат и во другите редовни термини во овие установи. Во мрежата има 128 лекари-офталмолози, кои се во јавно здравство или соработуваат со ФЗО. Во моментот има доволно слободни термини во електронскиот систем, како и за наредните денови“, соопштија од Министерството.

Потврда за извршен офталмолошки преглед се бара заради ран скрининг и детекција на евентуално оштетување на видот кај децата што значително може да го помогне третманот на отшетување.

Проблем со недостиг на термини за офталмолошки прегледи имаше и лани при усписот на првачињата. Во државата се чувства недостиг на ваков специјалистички кадар. Има околу 20.000 деца кои во септември ќе седнат за првпат во школските клупи, а само 128 офталмолози во јавно здравство или кои соработуваат со ФЗО.

Уписите за првачињата траат од први до 31 мај 2022 година во основните училишта во општините, со целосно почитување на реонизацијата на училиштата и живеалиштита на децата. Родилите се должни при уписот да достават извод од матичната книга на родените за детето, потврди за примените задолжителни вакцини за детето, за извршени офталмолошки и стоматолошки преглед, издадени од надлежна здравствена установа.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content