Пратеничката Кузманоска во прв ред со донација за предвремено родените бебиња

109

17-ти Ноември е светски ден на предвреме родените бебиња. Во оваа група спаѓаат сите новороденчиња пред полна 37ма гестациска недела.

Ова е сериозен број на исклучително мали по старост пациенти, но и екстремно незрели пациенти, бебиња од 23 гестациска недела па нагоре. Според статистиката, околу 13 милиони бебиња во светот се раѓаат предвреме. За да се намали таа бројка, клучен е пристапот на квалитетна нега во сите здравствени установи. Оваа година тоа е и една од главните теми на светско ниво.

Во градската болница “Борка Талески” во Прилеп, и денеска традиционално се одржа хуманитарен настан. Сите собрани средства секоја година се донираат во одделот за неонатологија, а и оваа година голем број граѓани донираа средства на настанот.

Тука беа и членките на Унијата на жени при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, предводени од пратеничката Билјана Кузманоска, кои со свој прилог го поддржаа овој хуманитарен настан.

-Заедно со членките на Унија на жени на ОК ВМРО ДПМНЕ – Прилеп и оваа година ја прифативме иницијативата на мајките на предвремено родени деца и со хуманитарна акција го одбележавме Светскиот ден на предвремено родени деца. Собраните парични средства ќе бидат искористени на неонатолошкиот оддел при ЈЗУ Општа Болница „Борка Талески“ Прилеп за подобрување на условите и обезбедување на апарати кои ќе бидат од корист при нега на предвремено родени бебиња. Соочувањето со мало новороденче во животот е големо изненадување, но и најголема среќа за секое семејство. Нам ни ѐ важна среќата на секое семејство во Македонија, а посебна грижа, поддршка и разбирање упатуваме кон семејствата на предвремено родени деца. Испраќаме апел и охрабрување до сите хумани граѓани, здруженија и бизнис секторот да ја поддржат оваа иницијатива и да ја покажат својата хуманост – напиша Кузманоска на својот Фејсубк профил.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content