СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Правилото со три минути, против чешање на кожата по капење

Најголемиот орган на нашето тело – кожата бара постепена нега, од миење до хидратација… Правилната нега е исклучително важна, особено ако човек има дерматолошки проблеми. Во тој случај, понекогаш секојдневните „ритуали“ може и да ѝ наштетат на кожата, пишува „Актив Ц“.

Зошто кожата чеша после туширање или капење? Постојат неколку причини за тоа. Понекогаш таа е едноставно многу сува и туширањето – особено со топла вода, може да ја исуши уште повеќе, бидејќи така се отстрануваат природните масти. Причина може да биде и чувствителноста на сапунот.

Сушењето и чешањето го предизвикува и состојбата позната како „аквагена уртикарија“ – она кога водата ги активира нервните завршетоци на кожата. Сепак, оваа состојба е ретка.

Доколку чешањето не престанува кусо по туширањето, се советуваат домашни третмани или едноставни промени во навиките… По туширањето, нежно тапкајте ја кожата со крпа – не се тријте со неа. Се препорачува и промена на сапунот.

Или пак, променете ја рутината… Ако имате навика да останете под топол туш подолго време, обидете се со пократко туширање со млака вода.

Стручњаците велат и да се пијат повеќе течности, како и користење хидратантни креми. Хидратацијата има значително влијание врз здравјето и изгледот на кожата. Некои препорачуваат и мелем со ефект на ладење (но, за тоа, прво разговарајте со лекар).

Дерматологот д-р Дон Дејвис го објаснува „правилото со три минути“.

– Секогаш советуваме навлажнување по капење. Совршеното време за тоа е веднаш откако ќе стапнете на крпата (за под нозете) во бањата. Кожата е максимално хидрирана веднаш по туширањето или капењето. За три минути имате време да ѝ помогнете на кожата да ја задржи оваа влажност со нанесување лосион или крема. Лосионите, од сите видови хидратантни креми, обично содржат најмногу вода. Кремите исто така содржат вода и може да содржат малку масло. И лосионите и кремите се апсорбираат во кожата. Производите на база на масло остануваат на површината на кожата, делувајќи како бариера меѓу Вашата кожа и надворешноста, дозволувајќи му на телото да користи свои начини за хидратација, препорачува д-р Дејвис.

Сепак, вели тој, без разлика кој хидратантен крем ќе го изберете, ова правило од три минути нуди најмногу за Вашата кожа, но и за Вашиот паричник.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content