СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

ГРМИ ВО ПРИЛЕП: „Македонијо во срце те носиме“

По Штип, Битола и Велес караванот „Македонијо во срце те носиме“ вечерва гостува во Прилеп. Концертот е на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“.

И овој пат публиката ужива во стиховите на „Заветна“, „Налеј, налеј“, „Народе македонски“, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“, „Ој, Вардаре“, „Оган да го гори“, „Послушајте патриоти“, „Ми заплакало село Ваташа“…, но и гласовите на Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасовска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе Алабаковски и Миле Кузмановски.

Фото: Вечер.мк

Ако се суди според она што досега имавме можност да го видиме на настапите во Штип, Битола и Велес, забава нема да недостасува, ниту на сцената ниту зад неа.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content