Почнува масовната вакцинација во Прилеп

38

Денеска и утре ќе бидат вакцинирани по 500 граѓани со вакцината на Астра Зенека, а во четврток ќе се знае која вакцина ќе пристигне и колкава ќе биде бројката на пациенти кои дневно ќе бидат имунизирани. Капацитетот на објектот е 1.000 граѓани дневно.

Пунктот во Здравствениот дом каде се вакцинираа постарите граѓани е затворен и ова е единствен вакциналне пункт во градот. Оние граѓани кои досега примиле прва доза на вакцина во пунктовите во Битола и Кавадарци ќе мора таму да ја примат и ревакцината, а не во Прилеп.

 

„Граѓаните кои што се вакцинираа со прва доза во Битола или Кавадарци потребно е втората доза да ја примат на тие пунктови, бидејќи тука имаме граѓани кои што пред 3 недели добија вакцина со Синофарм и само нивната ревакцина ќе биде тука. Сите други граѓани да се упатуваат таму каде што примиле прва доза“, истакна Кети Смилеска, директор на општа болница Прилеп.

Надлежните повторно упатија апел за што помасовна вакцинација.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content